МТСП: Невистинити се обвинувањата дека штрајкувачите се заплашувани

Министерството за труд и социјална политика во целост ги отфрла обвинувањата за заплашување на штрајкувачите како невистинити.
Од таму велат дека до министерството и инспекциската служба досега не е пристигната никаква поплака од страна на штрајкувачките одбори или поединечно од учесници во штрајкот за попречувањето во одвивање на штрајкот во предучилишните установи.
-СОНК треба да знае дека согласно колективниот договор кој го имаат потпишано со министерството е регулирано работното време на вработените во градинките. А остварувањето на правото на штрајк е регулирано со законот за работни односи и колективен договор, кој упатува на зро, каде согласно член 240/241 во делот на исплата на придонесите од страна на работодавачот „на работниците учесници во штрајк, за време на учество во штрајкот, работодавачот е должен да им уплатува придонеси од плата утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите.“ Истовремено, ве информираме и дека законот за работни односи дава можност нето платата за време на штрајк да ја исплати организаторот на штрајкот во случајот СОНК, информираат од МТСП.
Од ресорното министерство велат дека до градинките испратиле укажувања во насока на инфромирање на градинките да го почитуваат колективниот договор за време на штрајк.
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
