МТСП: На работниците да не им се кратат трошоците, регулирани со колективен договор, или договор за вработување
Министерството за труд и социјална политика ги повикува работниците и работодавачите да водат социјален дијалог за сите прашања поврзани со остварувањето на работничките права, како и исплатата на законски утврдениот износ на минималната плата од 14.450 денари.
-Апелираме до работодавачите, доколу правата на трошоци за превоз и храна се регулирани со колективни договори, или со договори за вработување, да не им ги кратат на работниците овие права, бидејќи тоа е спротивно на Законот. Законот за работните односи предвидува, односно дава можност работодавачот на свој трошок на работниците да може да им организира превоз до работа и од работа како и исхрана за време на работа. Трошокот за исхрана може да изнесува најмногу до 20 отсто од просечната нето плата по работник исплатена во претходната година, а трошокот за превоз во висина на остварните трошоци во јавниот превоз. Трошоците за храна и превоз се предмет на договор во колективните договори и за истото треба да се договарaат работниците и работодавачите, или да се уредат со договорите за вработување, се вели во соопштението од МТСП.
Од Министерството ги повикуваат работодавачите да го исплаќаат законски утврдениот износ на минимална плата којашто сега изнесува 14.500 денари.
–Министерството за труд и социјална политика ги охрабрува работниците и работодавачите да преговараат за работничките права и да потпишуваат колективни договори, бидејќи само задоволни работници носат до продуктивно производство, се додава во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
-
Нетанјаху: Израел нема да го спроведе примирјето во Газа додека не добие список од 33 заложници
-
Извршени претреси во Скопје, уапсени дилери на дрога и оружје
-
И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете - измамена 76-годишна скопјанка за 130 илјади денари
-
Полициски службеник земал 50 евра поткуп, пронајдени пари и документација
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен