МТСП ги објави списоците на корисници на финансиска поддршка
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на својата веб-страница ги објави списоците на корисници на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза. Списоците се достапни на линкот: http://bitly.ws/BcrC Паричните средства ќе бидат исплатени идниот понеделник, 13 март.
-На веб-страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени (корисници на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош), соопшти МТСП.
На веб-страницата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија се објавени корисници на оваа финансиска поддршка кои се приматели на ниски пензии односно тие што имаат пензија до 11.525 денари и тие што немаат поголема пензија од 14.000 денари, како и корисници на право на надомест за телесно оштетување.
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија на својата веб-страница ги има списоците на невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надомест.
-Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка. Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта: mtsp@mtsp.gov.mk, информира МТСП.
Министетството наведува дека списоците на корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе биде отстранети од веб-страниците на МТСП, ФЗОРСМ и Агенцијата за вработување по истекот на три дена од денот на објавувањето.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
