MТСП: Европските експерти со позитивно мислење за процесот на подготовка на новиот закон за работни односи
Новиот закон за работни односи што е во фаза на подготовка, обезбедува добра основа за соодветно регулирање на односите на современиот пазар на труд. Истовремено ги содржи, и поголемиот дел од директивити на ЕУ и останатите релевантни стандарди на трудот. Ова е генералното мислење на експертската мисија „TAIEX“, чиј која Министерството за труд и социјална политика беше домаќин во периодот од 22-ри до 26 јули годинава.
Како што соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика, мисијата особено ја истакнала важноста на процесот на подготовка на законот кој се одвива на транспартентен начин, со вклученост на социјалните партнери, стопанските комори, граѓанските организации, претставници од судовите и академската заедница.
Целта на експертската мисија, како инструмент на Европската комисија за техничка помош и размена на информации, како што се вели во соопштението од МТСП, беше обезбедување препораки за степенот на усогласеност на законот со правото на ЕУ. Мисијата беше спроведена под водство на експерти од Литванија, со активно учество на претставници на синдикати, претставници на работодавачи и стопанските комори.
Министерството за труд и социјална политика има за цел со новота законска рамка да ги унапреди работничките права, но истовремено да одговори на новите потреби на пазарот на трудот.
Ново на Сител
-
Сончево и многу топло
-
Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами
-
Трамп: Планирам да му го укинам на Харвард даночното ослободување