МТСП: Еднократна помош од 30.000 денари за две семејства во социјален ризик
Две семејства во социјален ризик за кои беа објавени стории во медиумите ќе добијат еднократна парична помош од 30.000 денари, објави попладнево Министерството за труд и социјална политика.
Станува збор за семејството на Џејлане Мурати, самохрана мајка на четири деца, кое живее во субстандардни услови, како и за Оливер Симонов, корисник на правото од социјална заштита.
Министерството информира дека во врска со случајот на Џејлане Мурати веднаш бил даден налог тим од надлежниот Центар за социјална работа да излезе на терен и да ја утврди фактичката состојба по што е формирана комисија за доделување на еднократна парична помош и е констатирано дека станува збор за самохрана мајка на четири деца кои живеат во субстандардни услови. Воедно, утврдено е дека таа е корисник на родителски додаток за трето дете.
Во однос на случајот со Оливер Симонов, Министерството за труд и социјална политика констатирало дека станува збор за корисник на право од социјална заштита и оти семејството се наоѓа во социјален ризик.
МТСП соопшти дека се прават напори да и се помогне и на Милка Хаџијефтимова, односно за нејзино адекватно сместување во соодветна установа. На ова лице, како што посочи ресорното Министерство, досега неколку пати му е помогнато со еднократна парична помош.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците