МТСП бара одговорност за парите на пензионерите?
Корумпираните функционери од ДУИ ги крадат парите од идните пензионери, обвинуваат од Алијансата на албанците. Вчера министерката Царовска обелодени дека 19 милиони евра, пари од придонесите од државниот фонд не биле префрлени во вториот пензиски столб.
Парите од придонесите за пензиско осигурување на вработените кои не се префрлени во вториот столб на пензиско осигурување, а најверојатно биле украдени од страна на функционери на ДУИ кои 10 години управуваат со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија како единствен надлежен орган за собирање на пари за пензиски придонес, сведочи за алармот и постојаните реакции на Алијансата за Албанците дека ДУИ тоне во корупција и организиран криминал, стои во соопшртението на партијата.
Иако ги побаравме и од ПИОМ од таму не добивме никакво одговор.
За злоупотребата со парите на идните 12.000 пензионери кривична пријава до ОЈО поднесе минисетртвото за труд. Од таму ветуваат дека сите оштетени осигуреници ќе ги добијат парите најдоцна до средината на годинава.
Министерството за труд и социјална политика денеска до Основното Јавно обвинителство доставува кривична пријава против непознат сторител и сите документи од анализата на пензискиот систем со која беа откриени неправилностите во распределувањето придонеси за дел од идните пензионери.
За таа намена на приватните пензиски друштва ќе им биде исплатена сума од 19 милиони евра обезбедени од од Буџетот на РМ. Овие средства ќе бидат распределени на оштетените осигуреници, односно на секој по околу 400.000 денари, се вели во дописот од труд.
Мапас кој ја контролира работата на пензиските друштва не одговорија како досега не забележале неправилности и велат дека ќе соработуваат во истрагата за да се реши проблемот до крај.
Најголемо задржување на парите од страна на фондот имало во 2009 и 2010 година. Топгаш директор на фондот беше Исни Јакупи. Во оемтнов раководи Шаип Зенељи.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
