-->
-->
Мртво лице пронајдено во базен
-->

Мртво лице пронајдено во базенот на бањата Стрновац.
Вчера вечерта во полицијата во Куманово е пријавено дека во базенот на бањата Стрновац – Општина Старо Нагоричане е пронајдено починато лице.
На местото на настанот се упатеиле полициски службеници и лекар, при што е констатирано дека се работи за тело на непознато машко лице кое се наоѓало на скалите за влез во базенот, свртено со лицето во водата. При првичниот преглед на телото, лекарот утврдил дека на телото не се забележуваат видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото, кое се уште не е идетификувано е предадено за обдукција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
