-->
-->
Мразот на Гренланд годинава може да се топи побрзо, предупредуваат климатолозите
-->
Топлиот бран со кој се соочува Европа се заканува да го забрза топењето на мразот на Гренланд, што оваа година почна порано од вообичаено, предупредија климатолозите.
Светската метеоролошка организација соопшти дека топлиот бран ја зафати и Скандинавија и се движи кон Гренланд.
– Имајќи предвид дека бранот се движи преку Арктикот, тој потенцијално ќе донесе голема количина енергија која ќе го топи мразот, како во Арктичкиот океан, така и ледената покривка на копното во наредните три до пет дена, изјави Рут Мотрам, климатолог од Данскиот метеоролошки институт.
Според истражувањата на овој Институт, околу 170 гигатони вода се додадени во светските океани како последица на топењето на мраз и снег во периодот од 12 до 26 јули.
Околу 100 гигатони вода придонесуваат за зголемување на глобалното ниво на морето за околу 0,28 милиметри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд