МП: Привршува процесот на изготвување на кодификација на граѓанското законодавство
Mинистерството за правда денеска соопшти дека пристапило кон завршување на процесот на изготвувањето на кодификацијата на граѓанското законодавство.
-По повеќе од деценија, а водејќи исклучително сложен и обемен процес Министерството за правда во оваа завршна фаза ќе спроведе постапка за водење на стручни јавни расправи за Граѓанскиот законик со цел да се презентира концептот, но и да се слушнат коментари и идеи кои би придонеле за подобрување на истиот, се наведува во соопштението од Министерството за правда.
Граѓанскиот законик, како што е посочено во соопштението, претставува целина од пет сегменти на современи и харамонизирани решенија во повеќе области, кои ќе дадат значителен придонес кон обезбедување на пристапот до правда и правната сигурност на граѓаните.
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила