Можност за побрзо, вонсудско решавање на споровите преку арбитража
Работниците и компаниите имаат можност меѓусебните спорови да ги решаваат надвор од судовите, а трошоците за арбитеторот да ги покрие министерството за труд и социјална политика.
Конфедерацијата на слободни синдикати промовира механизам за брзо, ефикасно и финансиски поисплатливо решавање на работните спорови во кое двете страни учестуваат на доброволна основа.
Посебен законот за оваа проблематика стапи на сила во 2015-та, а во соработка со ресорното министерство обуки и лиценци за работа добиле 50 арбитри.
Мирното решавање на спорот се предлага со барање во министерството за труд, а другата страна има пет дена да го прифати или одбие. Двете страни спогодбено го бираат арбитерот, а покрај документација имаат право и да повикаат сведоци.
Законот налага арбитеротда закаже расрпава за три дена, а решение за предметот во рок од 30 дена. Решението е правосилно и извршно од денот на доставување до страните во спорот.
Стенд Ап: Наместо долги, макотрпни и скапи процеси низ судските лавиринти, работниците сега добија можност за бесплатно и вондуско решавање на работните спорови.
-
Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар