Можно е Ковид-19 да го оштетува нервниот систем

Британските научници денеска во списанието „Мозок“ (Brain) објавија студија за компликациите забележани кај повеќе од 40 пациети заболени од Ковид-19 во Велика Британија, што варира од запаление на мозокот и делириум до оштетување на нервите и мозочен удар,
Тие тврдат дека во некои случаи неуролошките проблеми биле прв и главен симптом ма новиот коронавирус.
Авторите на студијата открија и пораст на акутниот демијалинизарички енецефаломијелитис (АДЕМ), болест опасна по живот, по првиот бран од пандемијата што ја зафати Велика Британија. Пред пандемијата, во рок од еден месец беше забележан еден таков случај, додека во април и мај, на неделно ниво беа регистрирани два до три заболени од АДЕМ.
Студијата покажува дека запаление на централниот нервен систем имале 12 пациенти заразени со Ковид-19, болести на мозокот со делириум или психози имале десетмина, додека осум лица имале мозочен удар, а ист број пациенти имаче проблеми со периферниот нервен систем, воглавно Гилен-Бареов синдром, автоимуна болест што ги напаѓа нервите и предизвикува парализа, а во пет отсто од случаите предизвикува и смрт.
Мајк Занди, лидер на тимот што го спроведе истражувањето, тврди дека начинот на кој новиот коронавирус го напаѓа мозокот не е забележан претходно кај другите вируси.
Тој изрази загриженост бидејќи новиот коронавирус може да доведе до помало оштетување на мозокот кај помал дел од популацијата, што би било видливо во следните години.
Ковид-19 кај некои оздравени пациенти остави долгорочни последици, како што е задишување, замор, вкочанетост на мускулите, слабост и проблеми со помнењето.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Трагедиите не смеат да останат без одговори, општеството има право да ја знае вистината - им го должиме тоа на жртвите
-

Уапсен скопјанец, при претрес пронајден кокаин подготвен за продажба
-

Приведен 15-годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште
-

Нападната Амбасадата на САД во Ирак
-

Алиу: Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји
-

Шест лица приведени во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога
-

Црвена ѕвезда го совлада шампионот на Евролигата
-

Иран повторно со нови напади кон Израел
