Можно е грчките земјоделци попладнево симболично да ги блокираат граничните премини кон Македонија
Земјоделците од северниот дел на Грција кои останаа на блоковите и нема да присуствуваат на попладневниот протест во Атина, не е исклучена можноста симболично да ги затворат граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Самите земјоделци кога го соопштија денешниот протест, најавија дека паралелно ќе постават блокади на граничните премини и пристаништата.
Протестот во Атина е закажан за 18.30 часот попладнево, со што се очекува, доколку ги блокираат граничните премини, тоа да биде во попладневните часови.
За граничниот премин Ники (Меџитлија), според локалните медиуми можно е затворање во периодот од 17 до 20 часот по грчко, односно од 16 до 19 часот по македонско време.
Во однос на Евзони (Богородица), засега нема официјална информација, иако според информациите на дописничката на МИА од Атина, пракса на земјоделците е да не ги најавуваат блокадите, кои најчесто се симболични и се однесуваат само на камионите и се по 20 часот по локално време, како што беше случај вчера.
Сепак, вниманието на грчката јавност, денеска е насочено кон Атина, каде што земјоделците со над 100 трактори ќе одржат протест пред грчкиот Парламент.
Десетици трактори од различни делови на Грција вчера пристигнаа во месноста Кастро во централна Грција на околу 90 километри од Атина, од каде што утрово, конвојот со трактори во придружба на полицијата тргна кон грчката метропола.
Земјоделците од островот Крит во Атина пристигнаа со траект, од северна Грција со автобуси, автомобили и камиони, за сите заедно, попладнево уште еднаш да ги повторат нивните барања.
Се очекува по протестот, тракторите во текот на вечерта да останат паркирани во центарот на Атина, а земјоделците да си заминат утре наутро.
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица