Можни се тешки нуспојави на лековите за Ковид-19

Француската Агенција за лекови (АНСМ) предупреди дека е можно несакано дејство на лековите за Ковид-19, што се испитуваат и апелираше во ниту еден случај да не се земаат на своја рака.
Апелот на Агенцијата уследи откако во Франција се регистрирани три мртни случаи, што можат да бидат поврзани со тие лекови.
– Триесетина тешки нуспојави и три смртни случаи се пријавени досега кај пациенти заболени од новиот коронавирус, кои се лекувани со „Плакуенил“ (хидроксиклорокин) и други лекови, како што е „Калетра“ (антивирусна комбинација на лопинавир и ритонавир), изјави главниот директор на АНСМ, Доминик Мартин.
АНСМ пред 15 дена ги стави под „зајакната контрола“ лековите за Ковид-19, што се во фаза на испитување.
Додека францускиот професор Дидие Раоу истакна дека посебно треба да се внимава на хирдоксиклорокинот во комбинација со антибиотикот азитромницин, кои ја потврдија „делотворноста“ против новиот коронавирус.
Нивната комбинација го зголемува ризикот од нарушување на сцевиот ритам и може да предизвика срцев застој.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
-

Обвинителите бараат итна одлука од Уставен за намалените плати
