Можни кандидати за членови на идната Администрација на Трамп

По изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и на Мајк Пенс за потпретседател, се поизвесно е дека поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани би можел да се најде на функцијата државен обвинител, а како кандидат за шеф на претседателскиот кабинет се споменува Рајнс Прибас, актуелен претседател на Републиканскиот национален комитет.
Помалку извесно е кој ќе се најде на местото државен секретар, односно шеф на дипломатијата. Медиумите шпекулираат дека за таа функција постојат четири можни кандидати, а најголеми шанси во овој момент има единствената жена меѓу нив, Пола Добриански.
Пола Џон Добриански е надворешно-политички експерт, која имаше клучна улога како дипломат и креатор на политиката во кабинетите на пет американски претседатели, како демократи, така и републиканци. Таа е експерт за источноевропскиот регион и голем познавач на состојбите на Балканот, како и во поранешниот Советски Сојуз, но е експерт и за воено политички работи.
Добриански беше државен потсекретар за демократија и глобални работи во периодот меѓу 2001 и 2009 година. Таа е виш соработник во Центарот за наука и меѓународни работи „Белфер“ на Универзитетот Харвард и член на Трилатералната комисија, а нејзина предност во однос на останатите кандидати е токму тоа што е жена.
Предизвик за Трамп, имено, ќе биде токму тоа да обезбеди доволно жени во својот кабинет.
Покрај Добриански, засега се уште неофицијални кандидати за државен секретар на САД се Њут Гингрич, кој беше главен соработник на Трамп во кампањата, потоа актуелниот претседател на сенатскиот Комитет за надворешни работи Боб Коркер и поранешниот американски амбасадор во ОН, Џон Болтон.
Кога станува збор за останатите места во кабинетот на новиот американски претседател, се шпекулира дека пензионираниот генерал и некогашен директор на воено разузнавачката агенција ДЕА, Мајкл Фин би можел да биде идниот секретар за одбрана на САД
Ново на Сител
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
-

МЗ: Новото законско решение за медицински средства носи европски стандарди и поефикасни постапки
-

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност
-

Конвој танкери е забележан како го напушта Персискиот Залив и минува низ Ормуската Теснина
-

САД го продолжуваат рокот за привремен исклучок од забраната за купување руска нафта
-

Украински дронови погодија складиште за нафта во Крим, предизвикувајќи пожар
