Можна градска пресметка Реал Мадрид – Атлетико во осминафиналето во ЛШ
Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампиони ќе се одржи утре од 12 часот во седиштето на УЕФА во Нион.
Осумте најдобри клубови во лигашката фаза на натпреварувањето (Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил, Астон Вила) обезбедија директен пласман во осминафиналето., додека место преку баражот обезбедија Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, ПСЖ, Бенфика, Феенорд, Клуб Бриж и ПСВ.
Можните осминафинални парови се:
ПСЖ – Ливерпул или Барселона
Клуб Бриж – Лил или Астон Вила
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид или Баер Леверкузен
ПСВ Ајндховен – Арсенал или Интер
Феенорд – Интер или Арсенал
Баерн Минхен – Баер Леверкузен или Атлетико Мадрид
Борусија Дортмунд – Астон Вила или Лил
Бенфика – Барселона или Ливерпул
Првите осминафинални натпревари ќе се играат на 4 и 5 март, а реваншите на 11 и 12 март.
Ново на Сител
-
Наследила 590.000 евра во криптовалути, но за да ги подигне мора да уплати 1.4 милиони денари - измама во Пробиштип
-
Европските лидери подготвуваат план за мировни сили во Украина со поддршка од САД
-
Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад
-
Известувачот на Европарламентот за Србија во посета на Белград
-
Парламентарни избори во Германија
-
Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
-
Македонија со 4 финалисти на Европското во Пловдив
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци