Македонија
10. November 2022 - 16:41

Можен ли е примерот на Франција и Германија да биде патоказ за балканот?

По повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народната жалост амбасадите на Франција и Германија одржаа комеморација со полагање на цвеќиња на германските гробишта во Прилеп. Беше потенцирано дека темел на денешна Европа е токму ова заедничко чествување на двете моќни држави и дека доколку се сака мир и просперитет во Европа овој пример треба да следат сите држави и членките и аспирантите, особено во време на војна како таа помеѓу Русија и Украина. Запрашан за некоректниот однос на Бугарија кон Македонија на патот кон ЕУ и постојаното блокирање на државава заменик амбасадор на Германија без некој конкетен одговор, дипломатски одговори дека и порано имало вакви спорови кои се надминувале.

„Мислам дека ние не треба да се навраќаме во историјата, туку да размислуваме со ладни глави и да ги ставиме на преден план големите предизвици, големите работи кои не очекуваат, а не да се занимаваме со некои ситни и непотребни работи. Европа во минатото имала такви спорови и знам дека нашла сили и начин да ги реши тие спорови и јас ве уверувам дека германската држава и понатаму ќе се залага конструктивно за да се решат тие спорови што е можно побрзо“, истакна Ото Крафт, заменик амбасадор на Германија.

Францускиот амбасадор воопшто не сакаше да го коментира односот на Бугарија кон Македонија, но само потенцираше дека Европа во моментов е соочена пред големи преидзвици кои може да се решат само со единстви на сите нејзини членки.

„Јас сметам дека светот длабоко се измени во текот на изминатите години, а посебно во изминатите месеци и сметам дека Европа е соочена со еден посебен предизвик. Европската унија треба се повеќе да се афирмира како една сила која ќе ги промовира и брани своите вредности, тоа е политичката војна за тоа да се направи, а втор услов е се разбира да имаме единство во Европа, во земјите членки, институциите, администрациите околу целите и начините тоа да се постигне“, рече Сирил Бомбгарнер, амбасадор на Франција во Македонија.

По повод овој ден ваква церемонија денеска имаше и на француските воени гробишта во Битола.