ОН: Можен е напредок за името
Организацијата на обединетите нации смета дека може да биде постигнат напредок во решавањето на 25-годишниот спор меѓу Грција и Македонија за името, ако има компромис кај раководставта и народите на двете земји, изјави заменик портпаролот на Светската организација Фархан Хак.
Во контекст на посетите на Метју Нимиц на Атина и на Скопје, Хак рече дека ОН целосно ја дели оценката на медијаторот дека е создаден позитивен импулс во релациите меѓу двете земји и оти е можно решение.
Нимиц, кој денеска е во Атина, а утре и задутре ќе биде во Скопје, на последната рунда разговори за името во Њујорк, презентира сет предлози за кои рече дека можат да резултираат со напредлок во наредните два месеца.
Во меѓувреме, во Давас се одржа и првата директна средба на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, со позитивни оценки и оптимизам дека двете страни конечо можат да го затворат долгогодишниот спор за името.
Ново на Сител
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција