Мозаик во дворот на Ректоратот на Битолскиот универзитет

Во дворот на Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола денеска беше откриен мозаик со логото на УКЛО и јубилејот 1100 години од упокојувањето на патронот. Мозаикот го промовираа ректорот на Битолскиот универзитет Сашо Коруновски и академик Гзанфер Бајрам.
Мозаикот го изработија студенти на УКЛО и членови на граѓански организации што се занимаваат со традиционални занаети и ракотворби.
- Учесниците на работилниците изработија три мозаици, еден е во дворот на Ректоратот, вториот е во дворот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а третиот на Институтот за старословенски јазик и култура. Изработката на мозаиците ќе ги мотивираат студентите да изработуваат мозаици, а гостите на УКЛО да се восхитуваат на мајсторството во Битола како град на мозаици, истакна ректорот Коруновски.
Според академик Бајрам, изработката на мозаиците била мотивирана од традицијата што тлее во Битола и историското наследство во Хераклеа.
- Вредностите ги откопуваме, а не да ги закопуваме и затоа правиме мозаици со временски димензии. Кога го лиевме мозаикот, дел од изработувачите фрлаа паричка во смесата што се лие налик на временска капсула, со цел да стават некакво обележје, истакна Бајрам.
На учесниците во работилницата и изработувачи на мозаиците ректорот Коруновски им додели сертификати.
Ново на Сител
-

САД повторно воведоа блокада на иранските пристаништа, Иран возврати со нови напади
-

Повторен колапс на електричната мрежа во Куба, третпат во девет дена целиот остров остана без струја
-

Македонија има повеќе болнички кревети на 100 илјади жители од 14 земји во ЕУ
-

Демократите во Сенатот го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран
-

Над 340 украински дронови насочени кон Москва во изминатите 24 часа, интензивни руски напади врз Киев
-

Сиљановска - Давкова: Македонско-француското пријателство е втемелено на меѓусебна почит
-

Инклузивен натпревар во кошарка во колички кај „Авионче“ во Ново Лисиче
-

Седница за опозициски прашања во Собранието
