Македонија
21. September 2016 - 13:29

Моторџија тешко повреден во Битола

Вчера во 14,25 часот во Битола на крстосницата од ул.„Партизанска“ и ул.„Климент Охридски“, случена е сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Јамаха“ со бугарски регистерски ознаки управувано од З.А.(34) од Битола и патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со битолски регистерски ознаки управувано од К.М.(34) Битола.
 
Во незгодата З.А. се здобил со тешки телесни повреди, животно загрозувачки и бил хоспитализиран во Клиничката болница-Битола.
 
Увид на местото на настанот извршиле ОЈО и увидна екипа од СВР-Битола. 
 
Се работи на целосно расчистување на случајот.