Моторџија прегази петгодишно девојче во Тетово
Две сообраќајки во кои се повредени вкупно четири лица се случиле вчера во Тетовско, информира денеска Секторот за внатрешни работи (СВР).
Како што соопшти портпаролот на СВР Марјан Јосифовски, во несреќата околу 17 часот и 30 минути на локалниот пат во Желино, од мотоцикл е удрено петгодишно девојче кое здобило скршеница на десната нога и веднаш било префрлено во Тетовската клиничка болница од каде, по укажаната помош е задржано на натамошно лекување. Мотоциклот го управувал Д.Б. (24) од Желино.
Полицијата извршила увид и работи на утврдување на сите околности околу несреќата. Според првичните податоци, причина за сообраќајката е невнимтелното преминување на патот од страна на девојчето.
Другата сообраќајка се случила околу 13 часот и 30 минути на регионалниот пат Тетово-Боговиње во селото Пирок. Се удриле Мерцедес со швајцарски регистарски таблички управуван од Б.И.(37) од Долно Палчиште, Форд Фиеста со тетовски регистарски таблички управуван од Б.К.(30) од Милетино и Мерцедес со тетовски регистарски таблички управуван од Ф.И.(62) од Долно Палчиште.
Во несреќата возачите на Фордот и Мерцедесот со тетовски регистарски таблички, како и 34 годишна сопатничка од Фордот се здобиле со телесни повреди и веднаш биле префрлени во Тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош, на лекување бил задржан само возачот на Мерцедесот со тетовски таблички Ф.И.(62) од Долно Палчиште.
Полицијата извршила увид и според првичните податоци, причина за сообраќајката е недржење страна. Вкупната материјална штета се проценува на околу 150 илјади денари.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја