Македонија
26. September 2018 - 11:20

Мотоциклист повреден во сообраќајка во Демир Капија

Вчера околу 11.30 часот во Демир Капија на улица „Партизанска“ случена е сообраќајна незгода помеѓу мотоцикал „Јамаха“ без регистарски ознаки управуван од Д.Н.(27)од село Чифлик, неготинско и патничко моторно возило „Ситроен берлинго“ со неготински регистарски ознаки управуван од З.П.(51) од Демир Капија.

По незгодата Д.Н бил пренесен во Општа болница Кавадарци каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.