-->
-->
Мото ГП: Пол позиција за Роси во Јапонија
-->
Возачот на Јамаха, Валентино Роси, ја освои пол позицијата во пресрет на 15-та трка во Мото ГП шампинатот, во кралската класа, Големата награда на Јапонија.
Легендарниот Италијанец оствари време 1:43.954 минути и ја освои третата пол позиција сезонава, вкупно 64-та во кариерата.
Покрај Роси трката од првиот стартен ред ќе ја започнат лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез на Репсол Хонда и актуелниот светски првак Хорхе Лоренцо на Јамаха.
Во вториот ред се наоѓаат Андреа Довициозо на Дукати, Кал Кралчоу на Хомда и Алеш Еспаргаро на Сузуки.
Зад нив се Маверик Вињалњс, Ектор Барбера, Пол Еспаргаро и Данило Петручи.
На четири трки до крајот на првенството Маркез има 52 бода повеќе од Роси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во складиште за гориво во рускиот град Сочи по украински напад
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово