Мото ГП: Пад на Вињалес за победа на Маркез

Новокрунисаниот светски шампион Марк Маркез триумфираше на Австралиското ГП на Фили Ајленд, откако неговиот ривал од Јамаха, Маверик Вињалес падна во последниот круг борејќи се за победа со Шпанецот.
Откако дојде во водство во 10-тиот круг, освојувачот на пол-позицијата Вињалес беше следен од Маркез до последниот круг, кога возачот на Респол Хонда се обиде да го помиен на почетокот на кругот. Откако ова му успеа во првата кривина, Вињалес двапати се обиде да се врати на првата позиција, пред на 10-тата кривина да излета и да му го препушти второто место на Кал Крачлоу во ЛЦР Хонда, додека Австралиецот Џек Милер го освои последното место на подиумот за Прамак Дукати.
Со победата, Маркез ја продолжи апсолутната доминација во Мото ГП шампионатот оваа сезона – ова е негова петта победа едноподруго и вкупно 55. во елитната мотоциклистичка класа со што го помина легендарниот Австралиец Мик Дуан на третото место на вечната листa.
Ново на Сител
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
