Спорт плус
8. May 2016 - 16:14

Moто Џи-Пи: Лоренцо најбрз во Франција

Иако водечкиот во генералниот пласман, Марк Маркез не ја заврши трката сепак повторно радост за Шпанија, а ја обезбеди Хорхе Лоренцо кој стигна до втората Мото ГП победа оваа сезона, доминирајќи на Француското ГП во Ле Ман. Заедно со Маркез вкупно 8 возачи не ја завршија трката на која свое шоу имаше  Валентино Роси, кој беше седми по првиот круг, но  на крајот го освои второто место пред  Маверик Вињалес со Сузуки. Лоренцо избега 10 секунди и беше недостижен за„докторот“.
 Со испаѓањето на Маркез, Лоренцо стана нов лидер во генерален пласман.
 
 
РЕЗУЛТАТИ (ФРАНЦУСКО ГП)
1.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Мовистар Јамаха 43:51.290
2.Валентино Роси (Ита) - Мовистар Јамаха +10.654
3.Маверик Вињалес (Шпа) - Сузуки Екстар +14.177
4.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда +18.719
5.Пол Еспархаро (Шпа) - Монстер Тех 3 Јамаха +24.931
 
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Мовистар Јамаха 90
2.Марк Маркез (Шпа) -Репсол Хонда 85
3.Валентино Роси (Ита) - Мовистар Јамаха 78
4.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда 53
5.Маверик Вињалес (Шпа) -Сузуки Екстар 49