МОСТ: До 16 часот излегле 34,8 проценти од гласачите
Граѓанската асоцијација МОСТ на денешната прес-конференција соопшти дека според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 14:00 часот е 26,3 отсто, до 15:00 часот е 30,6, додека до 16:00 часот е 34,8 проценти.
Набљудувачите на МОСТ во текот на денешното гласање исто така регистрирале три изолирани случаи на неправилности.
Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, забележано е дека на гласачко место 1049/1, во Куманово, гласач сакал да го напушти гласачкото место без да биде обележан со невидливиот спреј. Била повикана полиција и со нејзина асистенција гласачот бил обележан со спреј.
Пред гласачкото место 0876 во Чешиново-Облешево настанала расправија помеѓу два набљудувачи на различни кандидати. Имено, едниот набљудувач бил обвинет од другиот набљудувач дека им асистира на гласачите каде да гласаат, односно во која просторија да гласаат. Во расправијата се вклучиле и други претставници на кандидатите кои што биле пред гласачкото место по што интервенирала полицијата, ги легитимирала двајцата набљудувачи и ги отстранила од пред гласачкото место. За време на настанот гласањето се одвивало без проблеми.
Третиот случај бил регистриран на гласачкото место 1354 во Прилеп, околу 13:30 часот, кога во период од десет минути двајца членови на избирачкиот одбор биле отсутни при што набљудувачи на кандидатите ги обележувале гласачите со спреј.
Следната прес-конференција на МОСТ ќе се одржи во 19 часот.
Ново на Сител
-
Самоизолација и здравствен надзор за двајцата заболени од мајмунски сипаници
-
Претрес во валандовско, пронајдени бела прашкаста материја и шприц
-
Провалиле кај кавадарчанец и украле 10 литра ракија и пари
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мбапе за Модриќ: Видов одблизу што значи величина
-
Осимен ги продолжува преговорите со Ал-Хилал
-
Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив
-
Николоски: Врвни британски фирми и експерти ќе дадат поддршка за реализација на проектите во Македонија