-->
-->
Москва: Заземањето на Бахмут е неопходно за продолжување на руската офанзива во Украина
-->
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека заземањето на градот Бахмут, центарот на повеќемесечните жестоки борби во источна Украина, е неопходно за продолжување на руската офанзива.
– Тој град е важен одбранбен центар за украинските војници во Донбас. Преземањето контрола над него ќе овозможи спроведување на нови офанзивни операции во длабочина против одбраната на украинските вооружени сили, рече Шојгу на состанокот со раководството на министерството.
Бахмут е во фокусот на неколкумесечните интензивни борби меѓу Украина и Русија, која се обидува да ја преземе контролата врз областа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници