Москва тврди дека руските војници успеале да пробијат дел од украинската одбрана во Луганск
Руските војници успеале да пробијат дел од одбраната на украинските сили во областа Луганск, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
„Во текот на офанзивата, украинските војници се повлекоа на оддалеченост до три километри од линиите што претходно ги окупираа. Дури и посилната втора одбранбена линија на непријателот не беше во можност да ги спречи руските војници да се пробијат, соопшти Министерството на својот канал на социјалната мрежа Телеграм.
Министерството не прецизираше на кој дел од фронтот во регионот Луганск е започната офанзивата.
Украинската армија известува за масовно руско гранатирање на линијата на фронтот. Киев соопшти дека ситуацијата е тешка, но додаде дека украинската војска одбила многу руски напади. Киев повторно ги повика сојузниците да го забрзаат доставувањето на воена помош.
Русија моментално контролира дел од јужните региони Херсон и Запорожје, вклучувајќи ја нуклеарната централа Запорожје, речиси цел Луганск, повеќе од половина од регионот Доњецк и регионалниот центар.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува намалување на инфлацијата во наредните месеци и нејзино сведување на 2 - 3 отсто следната година
-
Приведени двајца турски државјани, предизвикале пожар во Горно Нерези
-
Приведен возач на патот Гостивар-Кичево, престигнувал колона возила во непрегледна кривина
-
Околу 200 000 граѓани вадат документи онлајн, на uslugi.gov.mk се издаваат по 13.200 месечно
-
Над 100.000 гости на штипската ,,Пастрамалијада"
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на 80. Генерално собрание на ОН
-
Приведен 70-годишник од тетовско за предизвикување пожар
-
Работник повреден во фабрика во Кавадарци