Москва тврди дека ја контролира најголемата нуклеарна централа во Украина и Европа
Руските војници ја презеле контролата врз нуклеарната централа во Запорожје, јужна Украина, соопшти офиццијална Москва.
Станува збор за најголемата нуклеарна централа во Европа.
„Персоналот продолжува да го надгледува и одржува објектот“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.
Украинската страна засега не се произнела по однос таквите тврдења. Државната компанија „Енергоатом“ што стопанисува со инсталацијата само соопшти дека сите нуклеарни централи продолжуваат да работат нормално.
Руските власти не пријавуваат зголемено радиактивно зрачење околу централата во Запорожје.
Претходно, руските трупи ја презедоа контролата врз строго контролираната забранета зона околу реакторот во Чернобил, северно од Киев. Во настапувањето на руските трупи се раскопани горните слоеви од почвата што резултираше со умерено покачување на радиоактивноста во локалитетот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
