Москва: Сириски бунтовници планираат хемиски напад за кој ќе го обвинат Дамаск

Членови на терористичката група "Шабаб ал Суна", кои располагаат со хемиско оружје, планираат да го употребат во сириската провинција Дара и потоа да ја обвинат сириската армија за употреба на хемиски отрови, тврди портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
Според неа, групата поседува неколку ракети со бојни отрови кои се кријат во магацин во местото Бозра ал Шам во провинцијата Дара.
Руското МНР има информации дека планот на терористите е по активирањето на ракетите со хемиско полнење во населени места да ја обвинат владата во Дамаск и сириската армија дека тие извршиле хемиски напад.
Според Захарова потенцијални цели на терористичката група "Шабаб ал Суна" се населените места Хиран, Нава, Инхил, Џамила, Тафас и Деира.
Ново на Сител
-

ЦУК: Попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок FWI
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
