Македонија
3. August 2022 - 16:38

Москва реагира на помошта за Украина, МНР одговори дека Македонија е суверена држава

Македонската влада во три наврати испратила воена помош за Украина, но што точно добила украинската војска останува мистерија.

А донацијата на македонските тенкови за украинската армија наиде на остра осуда од Русија. Тоа е голема грешка, со која Македонија продолжува да го поддржува криминалниот режим во Киев, вели портпаролката на руското МНР.

Македонија одлуките ги носи самостојно, стоиме зад територијалниот интегритет на Украина,

“Република Северна Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност. Уште од самиот почеток ја осудивме воената интервенција во Украина и застанавме во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила”, се посочува во соопштението.