Свет
13. March 2025 - 18:49

Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции

Русија значително го прошири списокот на претставници и институции од Европската Унија на кои им е забранет влез во земјата, како одговор на 16-от пакет санкции воведен од ЕУ, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Како одговор на овие непријателски дејства, руската страна значително го прошири списокот на претставници на европските институции и земјите-членки на ЕУ, на кои, согласно законот ‘За редот на излегување и влегување во Руската Федерација’ од 15 август 1996 година, им се забранува влез на територијата на нашата држава“, се наведува во соопштението.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ минатиот месец го усвоија 16-от пакет санкции против Русија, кој првпат ја таргетира и трговијата со криптовалути.