Москва е подготвена да ја прошири воено-техничката соработка со Атина
Москва е подготвена да ја прошири воено-техничката соработка со Атина и да разговара за спроведување на нови проекти, изјави амбасадорот на Русија во Грција Андреј Маслов.
Тој рече дека грчките вооружени сили имаат воена опрема произведена во Русија, која била испорачана пред повеќе од 15 години. Во моментов, соработката во оваа област главно се одвива преку поддршка на воената опрема произведена во Русија, прецизира Маслов.
Според него, фактот што Грција е членка на НАТО, „наметнува одредени ограничувања на развојот на воено-техничката соработка со Русија“. Сепак, дијалогот меѓу Москва и Атина во рамките на воено-техничката соработка не запира, посочи изјави Маслов и додаде дека се одржуваат и редовни состаноци на Заедничката мешана комисија за воена и техничка соработка.
Рускиот амбасадор во Атина соопшти дека до крајот на годинава не се планира посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Грција, иако тој има покана.
Ново на Сител
-
Пратениците во петок се враќаат на работа, на првата пленарна седница неколку интерпелации
-
Трудо: Канада нема да стане дел од САД
-
Трамп не ја отфрли можноста за употреба на сила за преземање на Панамскиот канал и Гренланд
-
Повторно издаден налог за апсење на претседателот на Јужна Кореја
-
Поради шумски пожар, 30.000 луѓе се евакуирани во близина на Лос Анџелес
-
Трамп бара членките на НАТО да потрошат пет отсто од својот БДП за одбрана
-
Сончево и релативно топло за овој период од годината
-
Сообраќајот тековно, во зимски услови