Московската рафинерија во пламен, погодена од украински дронови | ВИДЕО

Густ чад и пламени јазици рано утринава се издигнаа над југоисточниот московски реон Капотња, пренесуваат агенциите изјави на очевидци.
Првично не беше познато што е причината за пожарот. Во тој дел на руската престолнина се наоѓа Московската нафтена рафинерија.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека во текот на ноќта руската противвоздушна одбрана соборила повеќе од 30 беспилотни летала упатени кон градот.
Подоцна тој информираше дека неколку дронови успеале да ја погодат Московската рафинерија.
„Силите на противвоздушната одбрана продолжуваат да ги одбиваат нападите. Неколку беспилотни летала успеаја да стигнат до рафинеријата. Се преземаат мерки за отстранување на последиците“, напиша Собјанин на руската социјална мрежа „Макс“.
Засега нема информации за евентуални жртви ниту за обемот на штетата предизвикана од нападот и пожарот. Руските власти продолжуваат со проценка на состојбата на терен.
МИА
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
