Московската рафинерија во пламен, погодена од украински дронови | ВИДЕО

Густ чад и пламени јазици рано утринава се издигнаа над југоисточниот московски реон Капотња, пренесуваат агенциите изјави на очевидци.
Првично не беше познато што е причината за пожарот. Во тој дел на руската престолнина се наоѓа Московската нафтена рафинерија.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека во текот на ноќта руската противвоздушна одбрана соборила повеќе од 30 беспилотни летала упатени кон градот.
Подоцна тој информираше дека неколку дронови успеале да ја погодат Московската рафинерија.
„Силите на противвоздушната одбрана продолжуваат да ги одбиваат нападите. Неколку беспилотни летала успеаја да стигнат до рафинеријата. Се преземаат мерки за отстранување на последиците“, напиша Собјанин на руската социјална мрежа „Макс“.
Засега нема информации за евентуални жртви ниту за обемот на штетата предизвикана од нападот и пожарот. Руските власти продолжуваат со проценка на состојбата на терен.
МИА
Ново на Сител
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
-

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти
