Московиси: Сакаме оценката за грчките реформи да се финализира до пред Велигден
Разговорите меѓу Грција и кредиторите за реализација на третата програма од финансиската помош за земјата напредуваат во вистинскиот правец, изјави еврокомесарот за економски и монетрани прашања, Пјер Московиси, во одговорот на прашањето на грчкиот европратеник од владејачката партија СИРИЗА, Димитрис Пападимулис.
Како што информира весникот „Етнос“, Московиси изјавил дека желбата е финансиските институции (ЕК, ЕЦБ, ММФ, ЕСМ) својата оценка за реформите, што досега се реализирани од грчката Влада, да ја финализираат до Велигден.
Еврокомесарот потенцира дека заминувањето на претставниците на кредиторите од Атина не треба да се толкува како неуспех или казна, туку како неопходност за завршување на оваа оценка.
Од оваа оценка ќе зависи дали министрите за финанси од еврозоната да го одобрат доделувањето на новата транша меѓународна макроекономска помош за Атина, како дел од третата програма, во вредност од 86 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош
-
Предизборен карван на СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп
-
Касами со ветувања за нови училишта, Османи за инфраструктура
-
Приведена сопругата на д-р Шаини, напаѓачот е во бегство
-
Тема на денот со Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП
-
Д-р Шаини е пуштен на домашно лекување, ДУИ обвинува случајот е обид за атентат
-
Максимални три години затвор за тројцата обвинети за Вардариште
-
Претставници на „Стоп Вардариште“ на средба со институциите во МВР