Московиси: Макрон ќе и биде пријател на Грција
Европскиот комесар за економски и монетарни прашања, Пјер Московиси, смета дека Емануел Макрон, кој се очекува денеска да биде избран за претседател на Франција, ќе и биде силен сојузник на Грција, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
-Немам сомнение дека со Макрон како претседател Грција ќе продолжи да има пријател во Франција, на нејзиниот претседател и Владата. Ете зошто овие избори се важни за Грците“, коментира Московиси за грчката агенција АНА-МПА.
„Го познавам Емануел Макрон многу добро“, дополни еврокомесарот.
„Двајцата работевме заедно кога тој беше министер на економија“, посочи Московиси и забележа дека тогаш сфатил дека Макрон има позитивен однос кон Грција.
Московиси појасни дека да бидеш сојузник на Грција значи „да ги поттикнуваш напорите за реформи“, но, исто така, да пројавуваш и солидарност.
Ново на Сител
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката