Московичи: ЕУ со Велика Британија ќе се однесува пријателски и одлучно

Европската унија ќе се однесува пријателски и одлучно со Велика Британија на преговорите за Брегзит, кои почнуваат утре, изјави еврокомесарот за економија и финансии Пјер Московичи.
- Во однос на прашањето за Брекзита нема да бидеме ниту тврди, ниту меки, туку пријателски и решителни, изјави Московичи за францускиот неделник „Журнал ду диманш“.
- Сите сценарија се на масата, вклучувајќи го и тоа да не биде постигнат договор на 29 март 2019 година. Но тоа не е опцијата, која ја преферираме, истакна еврокомесарот.
Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле дадоа слични изјави оваа недела.
Тие нагласија дека вратата за останување во ЕУ останува отворена за Велика Британија се додека не завршат преговорите за излегување.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
