Морничава глетка – канцеларија опседната со духови

Можете ли да замислите вакво нешто да се случува и во вашата канцеларија, ноќе кога е потполно празна?
Некои од овие необични појави се снимени од страна на безбедносните камери во една канцеларија во Манчестер која се наоѓа во познатиот деловен блок.
На снимката може да се види и сенка која „поминува“ преку ѕидот…Во овој блок се наоѓаат десетици фирми кои се занимаваат главно во ПР и финансии.
Клипот е објавен во 2012 година, но и натаму е вирален и претставува мистерија за сите кои го гледале и досега никој не успеал да објасни што се случува ноќе меѓу овие ѕидови.
Некои експерти велат дека во прашање се духови.
Скопт Мекинон од Феникс кој се бави со истрага на паранормалните појави тврди дека оваа снимка е лажна.
-Ова видео е лажно. Малку истражував и има начини да се покаже дека не е реален, тврди овој „ловец на духови“ кој со тоа се бави веќе 20 години.
-Некои сцени се монтирани и тоа не може да го забележи секој. Навистина е добро направена, вели тој.
Мекинон на своите клиенти им помага да се изборат со паранормалните активности во своите куќи и на работа.
Тој дури открива дека продуцент на снимката е компанијата „Џошуа Брукс“ која нема седиште во овој блок, пишува Дејли Мејл.
Погледнете ја снимката и просудете сами.
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026: Словачка се пласира во четвртфиналето, Шведска заврши трета во групата
-

Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа
-

Мицкоски од 62-та Минхенска безбедносна конференција: Пораки за партнерство и поддршка за евроинтеграциите
-

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година
-

Уапсени две лица во Скопје поради прикривање на регистарските ознаки
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол
-

Извршен увид на местото на убиството во кумановско, постојат сомнежи дека осомничениот е поврзан и со други кривични дела
-

Католичкиот свет го одбележува празникот на Свети Валентин
