Морисон: Владата беше премногу оптимистична пред напливот на омикрон
Австралискиот премиер Скот Морисон денеска се соочи со критики за неговото лидерство, изјавувајќи дека неговата влада била премногу оптимистичка за влијанието на вакцинацијата против коронавирус, што резултираше со разочарување и исцрпеност кога варијантата омикрон се прошири низ целата земја.
Поддршката за Морисон е падната на најниско ниво во последните две години, со пад на довербата на јавноста нарушена со недостигот на брзи антигенски тестови, со бројка на заразени со омикрон од над милион во текот на летото, а изборите се закажани за четири месеци.
Во обраќањето до Националниот прес-клуб во Канбера, Морисон кажа дека ќе ги прифати критиките што му доаѓаат за лидерската позиција.
-Не направив сè како што треба, рече тој.
Морисон во говорот призна дека неговиот фокус бил на постигнување рамнотежа меѓу здравствените совети и економијата, а омикрон ги променил правилата, ги нарушил синџирите на снабдување и предизвикал недостиг на тестови.
На почетокот на јануари, Морисон кажа дека неговата влада усвоила пристап на соживот со пандемијата наместо повторно да воведе мерки за затворање.
-Како што влеговме во летото, можеби бевме премногу оптимисти, рече тој, додавајќи дека тоа ја зголеми фрустрацијата кај луѓето кога вакцинацијата не го спречи ширењето на омикрон.
Одговарајќи на критиките дека неговата влада не предвидела потреба од повеќе тестови, Морисон рече дека снабдувањето со тестови за Ковид-19 за време на поголемиот дел од пандемијата е одговорност на австралиските држави.
Тој ја призна фрустрацијата на јавноста, но рече дека на земјата сè уште и треба искусен лидер.
Стапката на смртност поврзана со коронавирус во Австралија е меѓу најниските во светот. Земјата има висока стапка на вакцинација и покрај подоцнежниот почеток на вакцинацијата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
