Балкан
6. August 2015 - 15:33

Морбидно: Селото кое е опкруженo со мртовци

 
 
Во селото Водица во Србија се крие мрачна тајна. Тука има 12 диви и едни селски гробишта, а во последно време селаните се закопуваат во своите имоти. Пред извесен период еден човек бил закопан кај својата куќа.
 
Како што вели еден од селаните кои живеат во Водица, иако не е дозволено да се закупуваат луѓе на тој начин, селаните се правдаат дека немаат пари за погреб и гробно место. Ова станало пракса и веќе никој не може да им застане на патот.
 
- Ова стана пракса, многумина немаат пари, за многумина смртта е неочекувана, па немаат каде да ги закопаат блиските, вели селанецот.
 
Тој додава дека живеат опкружени со мртовци и е навистина морбидно.