-->
-->
Морати: Прво ЛШ па потоа Скудето!
-->
Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати беше презадоволен од победата на неговиот клуб против Милан .
Колубиецот Фреди Гварин беше стрелец на единствениот погодок во Дербито дела Мадонина и му ја донесе третата победа на Интер и местото лидер на Серија А по само три одиграни кола како единствена непоразена екипа.
„ Интер оствари неверојатна победа. Екипа играше одлично, посебно кога се земе во предвид дека пристигнаа многу нови играчи. Сега сме први на табелата и прво што мора да направиме е да се вратиме во Лигата на шампионите па потоа да размислуваме за скудетото кое реално може да се освои по слабиот старт на Јувентус“- рече Морати за Газета дело Спорт.
Во времето кога Морати беше претседател на Интер беа освоени 5 титули во Серија А, Лигата на шампионите, четири купа и суперкупа на Италија, Куп УЕФА и Светското клубско првенство.
Кон крајот на 2013 година Морати одлучи поголемиот дел од акциите во клубот да ги продаде на индонезискиот бизнисмен Ерик Тохира кој веќе првата сезона вложи големи пари за реновирање на тимот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена