-->
-->
Монтреал:Финале Федерер-Зверев
-->
Роџер Федерер ја продолжи сезоната од сништата откако се пласира во финалето на Мастерсот во Монтреал. Швајцарецот за титулата ќе се бори против Александар Зверев.
Федерер во полуфиналето, во Монтреал, го порази Робин Хасе во два сета (6:3, 7:6). Федерер оваа сезона сеуште нема загубено меч на турниртите од Мастерс и Грен слем серијата.
Швајцарецот од почетокот на годината победи на Мастерс турнирите во Мајами и Индијан Велс, а ги освои и Грен слем титулите во Австралија и на Вимблдон.
Противник на Федерер во финалето ќе му биде Александар Зверев, кој во полуфиналето го победи Денис Шаповалов со 6:4, 7:5. Шаповалов во претходните рунди ги совлада Дел Потро и Надал.
Финалето во Монтреал се игра вечерва од 22 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поволни услови за кредит за лицата кои прв пат ќе купуваат стан
-
СДСМ: Орце Ѓорѓиевски не нуди решение за дивоградбите
-
Сите штипски основни училишта побараа од Советот да формираат паралелки со ученици под законскиот минимум
-
Дрвокрадците не запираат
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ