-->
-->
Монтеѕемоло ги „разочара“ фановите на Шумахер
-->

Поранешниот прв човек на Скудерија Ферари, Лука Ди Монтецемоло, изјави дека „не се добри“ последните информации за здравственатта состојба на седумкратниот Ф1 шампион, Михаел Шумахер.
Шумахер на 29. декември 2013 година дожива тешка несреќа на скијање во француските Алпи, шест месеци беше во кома, а потоа е префрлен на домашно лекување.
Од летото 2014 година нема никакви конкретни и веродостојни информации за состојбата во која се наоѓа легендарниот Германец, а неговата менаџерка и портпаролка Забине Кем повеќепати истакнуваше дека рехабилитацијата добро напредува, доколку се земат предвид повредите со кои се здобил Шумахер.
„Имам информации за состојбата на Шумахер и за жал тие не се добри“, им изјавил на новинарите Ди Монтецемоло без да открие повеќе детали. „Животот е чуден. Беше фантастичен возач и во Ферари имаше само една незгода, во 1999 година“, дополнил Ди Монтецемоло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
