Балкан
9. October 2015 - 10:44

Монструозна трагедија го потресе регионот - Си ја избодел мајка си па отишол на кафе!

 
Вистински хорор се случил на улица во Белград кога 27-годишниот Александар Б. ја прободел својата мајка Марија, па си отишол на кафе како ништо да не се случило. 
 
Според информациите на српскиот Курир, момчето ја прободело Марија со нож во вратот додека таа со нејзиниот сопруг, 55-годишниот Миле Б. се возела во автомобил. Тој и се јавил на мобилен и и рекол да се сретнат. Несреќната жена отишла на прошетка со синот, но потоа започнале расправија, а во еден момент, тој извадил нож и и го пресекол вратот.
 
Александар мислејќи дека ја убил мајка си, ги соблекол крвавите алишта од себе и избегал од местото на настанот. Потоа, се договорил да пие кафе со девојка му и седнал и уживал како ништо да не се случило.
 
Тешко ранетата Марија ја делеле неколку минути од смрт. За среќа, случајните минувачи спречиле трагедија и со брзата интервенција на итната помош Марија била спасена.
 
Полицајците веднаш отишле во станот на синот на Марија и го привеле нејзиниот син.