Монструмот побарал да го посетат татко му и брат му: Ќе се наежите кога ќе го слушнете зошто!

Убиецот Владица Рајковиќ (28) од Зајачар кој ја уби сосетката Драгана Стефановиќ (47), а потоа ја силуваше и масакрираше тригодишната Ангелина Стефановиќ, барал од чуварите од затворот да му помогнат да разговара со братот и таткото.
- Сам е во келија поради безбедноста. Нема сомнеж дека некој од затворот сака да му наштети поради злостроството кое го изврши врз тригодишното девојче. Тој е под постојан надзор. Според чуварите тој не зборува за ништо, само се распрашувал кога ќе може да се сретне со братот и таткото, раскажа изворот за српски Ало.
Според зборовите на изворот, Владица седи на кревет по цел ден и гледа во ѕид. Не правел проблеми, а моментално него може да го посети само адвокат.

Како што изјавил неговиот татко за српски Ало, ќе го посети синот кога ќе дојде моментот, и ќе го праша зошто ја убил малата Анѓа.
- Сакам да слушнам поради која причина го направи ова, но се уште немам сила да го видам. Не знам кога ќе одам, нека се носи самиот со тоа што го направи, рекл Небојша кој пред неколку месеци се исели од кај синот монструм.
И неговиот брат ни по неколу дена не може да си дојде при себе по стравичното случување. И тој има ќерка од година дена, која често беше чувана од страна на Владица.
- Во единственото нешто во што беше зањубен Владица е тракторот кој го возеше по цели денови и ноќи. Сите мислеа дека работи некаде, а тој по селата и околината позајмувал пари. Ја убил Драгана оној ден кога му ги побарала нејзините 3.000 евра. Има многу луѓе кај кого се задужил. парите ги трошеше најчесто на ракија, раскажале мештаните.
Ново на Сител
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
-

Нови израелски напади врз Бејрут, од јужен Либан истрелани седум ракети врз Израел
-

Трамп: Лесно можеме да ја отвориме Ормуската Теснина, да ја земеме нафтата и заработиме богатство
-

Папата Лав XIV го повика израелскиот претседател Херцог да ја заврши војната со Иран
-

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното
-

Flex Group ја лансира Flex Group Leadership Academy – стратешка иницијатива за развој на лидерството во организацијата
-

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува
