Монографија за македонското културно наследство од Димитар Ќорнаков

Издавачката куќа „Матица македонска“ во едицијата „Културно наследство“ ја објави монографијата „По трагите на нашите предци – нови сознанија за македонското културно наследство“ од проф. д-р Димитар Ќорнаков.
- На страниците од своето најново богато илустрирано дело, познатиот научник пишува за најначајните македонски светилишта, како и за развојниот пат на резбарството во Македонија и посебно ги анализира резбите во манастирот „Свети Јован Бигорски“, царските двери од црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Гевгелија, копаничарите од Река и др., соопшти издавачот.
Димитар Ќорнаков и припаѓа на првата генерација македонски истражувачи на средновековната уметност и на богатото културно наследство на Македонија.
Автор е на монографските трудови „Творештвото на мијачките резбари“, „Македонска резба“ , „Македонски манастири“ , „Резбарски центри во Македонија“, „Цркви и манастири во Тиквешијата“, „Слимнички манстир“, „Од првиот грев до Страшниот суд“, „Копаничарот Макарија од Галичник“, „Полошки манастир Св.Ѓорѓи“, „Копаничарот Димитрија Станишев од Крушево“ и „Соборните храмови во Македонија од времето на преродбата“.
Ново на Сител
-

Дронот што падна врз зграда во Романија бил руски, соопшти НАТО
-

Трамп е во одлична здравствена состојба, соопшти Белата куќа
-

Алиу: Реализираме стратешки капитални проекти во здравството
-

Бела куќа: Без „црвените линии“ на Трамп нема договор со Иран
-

Артета: ПСЖ го брани трофејот од Лигата на шампионите, а Арсенал е тука да го земе
-

За 20 отсто намалени производството и уловот на риба
-

Утрово најстудено во Берово
-

Во 2025 година пречистени само 20,6 отсто од отпадните води
