Македонија
30. March 2017 - 14:28

Монодрамата „Песни за татковината“ премиерно на сцената на Велешкиот театар

На Малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес на 5-ти април актерот Петар Темелковски премиерно ќе ја изведе монодрамата „Песни за татковината“.

Како што појаснуваат од Велешкиот театар, станува збор за авторски проект на актерот Темелковски по повод 75-годишнината од смртта на македонскиот поет, револуционер и хуманист Никола Јонков Вапцаров.
 
Монодрамата  „Песни за татковината“ е дел од Годишната програма на театарот за 2017 година, а поддржан е од Министерството за култура на Република Македонија.