Кошарка
11. May 2023 - 10:07

Монако и Реал изборија „Фајнал фор“ во Евролигата

Екипите на Монако и на  Реал Мадрид се пласираа на завршниот Ф4 турнир во елитната кошаркарска Евролига. Ова е епилогот по синоќешните мајсторки во последните две четвртфинални пресметки.

Во Мадрид, Реал по голема борба го совлада Партизан со 98:94 и од 0:2 стигна до 3:2 во победи. Монако, исто така го искористи домашниот терен во петтиот меч од пресметката со Макаби и славеше со 97:86.

На завршниот турнир во Каунас, Реал ќе се соочи со Барселона, додека Монако ќе игра со Олимпијакос.