-->
-->
Монако и Лион го отвораат 10-коло во Лига 1
-->
Продолжуваат натпреварите во француското фудбалско првенство со еден дуел кој ќе се игра вечерва, а во рамките од 10-коло.
Монако и Олимпик Лион вечерва од 20.30 часот ќе ја отворат 10-тата рунда во Лига 1. Минатата година тоа беше дерби на два тима кои се бореа за самиот врв, но, годинава и двете екипи се далеку од посакуваната форма.
Монако на деветте одиграни натпревари сезонава има само три победи четири нерешени дуели и два порази, за моментален пласман на десеттата позиција, додека Лион е шесто со триумф повеќе. Сепак и двата тима веќе имаат големо заостанување зад актуелниот шампион и лидер во Лига 1, ПСЖ единствениот тим кој досега нема пораз.
„Светците’’ имаат 23 бодови, 8 повеќе од Лион, односно 10 од Монако, а во ова коло, екипата од Париз гостува кај Бастија.
Комплетни двојки за 10.коло во Лига 1.
Петок
20:30 Монако - Олимпик Лион
Сабота
17:00 Бастија - Париз Сен Жермен
20:00 Тулуз - Енгерс
20:00 Сент Етијен - Ајачо
20:00 Ремс - Кан
20:00 Нант - Tроа
20:00 Гингамп - Лил
Недела
14:00 Олимпик Марсеј - Лориен
17:00 Бордо - Монпеље
21:00 Рен - Ница
TАБЕЛА:
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата