Македонија
26. January 2016 - 16:58

МОН со алатка за опсервирање на вештините на учениците и студентите

Младите полесно до работа. Преку опсерваторијата за вештини, учениците и студентите во секое време ќе знаат кои струки се најбарани,кои нудат најголема заработка ,каде е најкратко времето за работно ангажирање а ќе се прави и статистика каква е вработливоста по генерации. Оваа алатка на министерството за образование се очекува да внесе и прмени во образованиот систем. Ќе се менуваат наставните програми, ќе има корекци во учебниците и во практичната настава, ќе се креираат струки за кои пазарот на труд има побарувања. Акцент ќе биде ставен на средните стручни учлишта а целта е намалување на невработеноста.

Ристовски заменик министер за образование- преку компјутерски софтвер за вкрстување и обработка на податоци од акредитираните високообразовни установи, средните училишта, од Агенцијата за вработување, Центарот за образование на возрасни и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, кои се однесуваат на лица кои завршиле средно или високо образование, Опсерваторијата ќе креира информации за вработливоста по генерации, за вработливоста по одредени структури, за очекуваното време до работното ангажирање, за заработката по образовен профил, воопшто за можностите за вработување и слично.

Најголем бенефит од оваа статистика ќе имаат матурантите кои треба да да изберат факултет со кој полесно ќе најдат работа. Тие неделава полагаат екстерно тестирање кое според заменик министерот  се одвива според планираното. Успешно се спорведува во сите училишта, а  вчерашното неколкуминутно доцнење на процесот  се должи на проблемите со интернетот, но според Ристовски се е надминато и до карјот на неделава ќе екстерно ќе бидат тестирани 20 ооо матуранти по два предмети.